Кошаркарите на Голден стејт Ворирорс со победата против Бостон селтикс од 103:90 ја своија шампионската титула во НБА лигата.
За Вориорс ова е седмата НБА титула во историја (1947, 1956, 1975, 2015, 2017, 2018, 2022 година).
МВП на финалето е Стефон Кари кој повторно покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и со учинок од 34 поени и по 7 скока и асистенции го предводеше својот тим до нов пехар, четврти од 2015 година на оваа генерација на Голден Стејт вориорс.
Бекот на Воините со 4 титули и две признанија МВП во финалето им се приклучи на уште само шест кошаркари со учинок 4+2.
Во финалето одличен беше и Ендрју Вигинс, кој го неутрализираше адутот на Бостон, Џејсон Тејтум, а во офанзивата имаше 18 поени, шест скока и пет асистенции.
Голден стејт со оваа титула се одлепија од Чикаго булс и сега се третата најтрофејна екипа во историјата на НБА лигата зад Бостон и Лос Анџелес лејкерс кои имаат по 17 пехари.