Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност - Скопје по повод 58 години од основањето вечер од 20 часот во Филхармонијата организира годишен концерт насловен „Блесок“.
Факултетот за музичка уметност – Скопје по повод 58 години од основањето вечер од 20 часот во Филхармонијата организира годишен концерт насловен „Блесок“.
Како што најави факултетот, на концертот ќе учествуваат Симфонискиот оркестар при ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски”, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти, под водство на диригентите Цанев, Татарчевски и Спироски.
-Факултетот за музичка уметност – Скопје е аlma mater на најголемите имиња од музичката и балетска сцена во државата, регионот, па и светот. ФМУ е врутокот од кој произлегуваат речиси сите кадри кои се дел од колективите на најголемите музички и музичко-сценски институции и неизоставен дел од образовниот процес на сите нивоа, соопшти ФМУ-Скопје.