Годинава 36 нови случаи на ХИВ, тројца починати

Секоја година во С Македонија се регистрираат десетици нови случаи на ХИВ. Во последните четири години од оваа болест животот го загубиле 21 лице. Загрижувачки е сознанието што голем дел од заболените не се свесни дека се носители на инфекцијата и на тој начин ја пренесуваат на други.

Од регистрираните случаи во минатата година, 31 се мажи, 4 жени и едно трансродово лице. Најмладиот заболен е 20-годишник, додека повеќето од нив имале секс со лица од ист пол. Најмногу заразени со ХИВ има во Скопје, Тетово, Прилеп, Штип и Куманово.
Министерството за здравство во последните години континуирано го намалува буџетот за спречување на ширењето на заразата. Во 2021 година овој буџет беше скратен за 40%, додека годинава наместо 130 милиони денари, беа планирани само 95 милиони.
Според невладините организации, инфекцијата може да биде ставена под контрола.

Според Божиноска, ХИВ-позитивните не треба да се стигматизираат и дискриминираат, бидејќи доколку се лекуваат, со болеста може да се живее нормално.

Како превентивна мерка се смета вклучувањето на сексуалното образование во училишните програми. Пилот-програмата за тоа во земјава е завршена и се очекува Министерството за образование, да ги преземе неопходните чекори за воведување на овој предмет во формалното образование. Инаку, од 1987 година, кога беше потврден првиот случај, до денес во С Македонија како последица од ХИВ починале 129 лица, што претставува стапка на смртност од 21,2 отсто.