Годинава во Македонија изгорела шума исто колку претходните 10 години заедно

Во 2024 година изгорени се над 94.000 хектари на шума, што е речиси колку претходните 10 години заедно, велат податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари (ЕФФИС), кој е дел од програмата Коперник.

Претходните десет години изгореле околу 100.000 хектари.

Најтешка година претходно била 2019 година, кога изгореле 29.807 хектари.

Еден од најголемите шумски пожари годинава беше оној во Мариово, каде што изгореа 11.000 хектари, а беше конечно ставен под контрола вчера, осум дена од избивањето.