По 17 години се врати манифестацијата „Глумците пеат“, во Националната опера и балет
Ја најавија Маја и Ира, ќерките на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, во чија чест и се одржа и кои рекоа дека ова е негов животен проект.
На сцената се појавија многу познати глумци кои приредија феноменално шоу. Измамија емоции и насмевки кај публиката и се погрижија за одлично расположение.
Весна Петрушевска настапи со „Секој твој рефрен“ од Тоше.
Јелена Јованова со „Ти си тој“ од Лидија Кочовска, а Тино и Атанас ги забавуваа сите во публиката со песната „Како кучето мое“, од легендарните „Студени нозе“.
Горан Трифуновски во оригинал ја испеа „Опасно сум вљубен во тебе“, од Драган Каранфиловски Бојс.
На сцената излегоа и Драган Спасов- Дац, Ѓокица Лукаревски, Тања Кочовска, Арна Шијак, Нина Деан, Маја Андоновска Илијевски, Петар Горко.
Настапија со познати македонски и странски песни, а носеа и костими кои беа прилагодени за нивните настапи.
Режисерот Дејан Пројковски беше на висина на задачата и се погрижи на публиката да и приреди вистинско шоу.