Глобалните цени на храната пораснаа
Глобалниот индекс на цените на храната се зголеми во април за прв пат во последните години и во моментов е на 20 отсто повисоко ниво од рекордот постигнат во март минатата година по руската инвазија на Украина.
Тој индекс на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), кој ги следи цените на најтргуваните прехранбени производи во светот, минатиот месец во просек изнесуваше 127,2 поени, наспроти 126,5 поени во мартАприлското зголемување ги вклучува и повисоките цени на шеќерот, месото и оризот, што го засени падот на индексот на цените на житариците, млечните производи и растителното масло, пренесува Хина.
„Како што економиите закрепнуваат од значителното забавување, побарувачката ќе расте и цените на храната ќе се зголемат“, рече главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.
Индексот на цените на шеќерот порасна за 17,6 отсто во однос на март и достигна највисока вредност од октомври 2011 година.
ФАО ја наведе загриженоста поради намалената понуда по надолното ревидирање на производството во Индија и Кина, како и пониското производство во Тајланд и Европската унија (ЕУ).
Индексот на месото е зголемен за 1,3 отсто на месечно ниво, а цените на млечните производи се намалуваат за 1,7 отсто, растителното масло за 1,3 отсто, а житарките за 1,7 отсто.
Во исто време, падот на светските цени на сите главни житарки го надмина растот на цените на оризот.
„Порастот на цените на оризот е крајно загрижувачки и од клучно значење е да се обнови иницијативата на Црното Море, со цел да се избегне какво било зголемување на цените на пченицата и пченката“, рече Тореро, мислејќи на договорот меѓу Русија и Украина да се дозволи извоз на Украинско жито низ Црното Море.
Во специјалниот извештај за понудата и побарувачката на житни култури, ФАО проценува дека светското производство на пченица оваа година ќе изнесува 785 милиони тони, малку под минатогодишното ниво.