Пред само неколку дена проструија гласини дека рускиот претседател Владимир Путин има Паркинсонова болест.
Сега нова приказна за која нема потврда, наводно дека Путин принудно ќе мора да се откаже од контролата врз војната во Украина затоа што имал карцином кој мора да го оперира.
На каналот „General SVR“ на „Телеграм“ изнесени се засега непотврдени тврдења дека Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, ќе го смени рускиот лидер за време на неговото присилно отсуство, пренесуваат британските медиуми.
Патрушев (70) се смета за клучен „архитект“ на досегашната воена стратегија – и човек кој го убедил Путин дека Киев е прегазен од неонацисти. Наводно изворот на информацијата е добро позиционирана личност во Кремљ.
Сепак, истиот извор јавува дека Путин ја одложил операцијата и истата нема да се одржи пред Денот на победата над фашизмот – 9. Мај.