Гласањето се одвива без посериозни нарушувања, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на државата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на државата.

МВР информира дека презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на целиот изборен процес.

Од МВР велат дека досега нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир кои би го загрозиле изборниот процес.

Биле регистрирани неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но според полицијата, по преземените мерки, не се потврдени наводите од пријавите.

МВР упатува апел до сите граѓани и политички партии да продолжат да придонесуваат за мирна и демократска атмосфера.

Од Министерството потсетуваат дека доколку граѓаните забележат какво било нарушување на изборниот процес, треба да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112.