Главниот штаб „ги симна маските“, се чека амин и од Владата

Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица“ – овие заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб се усвоени.

Денеска од владината прес-служба информираа дека на петтата седница на Главниот координативен кризен штаб биле усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.