Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата во Сански Мост (БиХ), а осомничен за нападот е вработен во тоа училиште, кој по крвавиот пир се обидел да си пресуди.
Како што пишува „Независне“, работникот М.В. рано утринава упаднал во училиштето и убил тројца вработени.
Според изјавите на очевидците, М.В. вооружен влегол во објектот на гимназијата.
Тој, според информациите, ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.
Од тамошното МВР потврдија дека загинале тројца вработени во гимназијата, а осомничениот потоа се обидел да си пресуди.
Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува „Независне“.
Во тек е истрага, а училиштето е опколено од силни полициски сили.