Гир: EУ очекува поблиска соработка со Владата во ова важно време

Евроамбасадорот Дејвид Гир упати честитка до премиерот Талат Џафери и новата Влада во која забележува дека нејзината работа доаѓа во важно време.

„Честитки до Џафери за изборот за премиер. Тежнееме кон поблиска соработка со него и со новата Влада во ова важно време во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ“, пишува во објавата преку платформата Х.