Дејвид Гир – евроамбасадот денеска истакна дека воената состојба во Украина повеќе ја потенцира важноста за ЕУ перспективите на Северна Македонија отколку што негативно влијае на почетокот на преговорите за членство.
Тој повтори дека и Албанија и Северна Македонија ги имаат исполнето условите за почнување на преговорите, а Европска унија сака да види што поскоро отворање на преговорите, со пофалба и на напорите на владите.
„Во никој случај војната состојба во Украина не значи дека има некаков удел врз вашата земја, туку напротив тоа само ни ја потенцира важноста од страна на Европската унија да ја нагласи европската перспектива на земјата која всушност е најдобрата надеж, најдобрата идна перспектива, која дава сигурност, перспектива која дава просперитет во рамки на еден демократски систем како што е самата ЕУ. На никој начин тоа нема удел врз состојбата или иднината на вашата земја, всушност ЕУ со одлучност работи на перспективата на вашата земја за што побрзо и поскорешно пристапување што би било проследено со спроведените реформи“ – изјави Гир.