Во интервју за Слободна Европа, евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка. За него е апсурд да има само партиски функционери, а да нема компетенција и меритократија.
-Ја поздравуваме посветеноста на Владата да напредува на патот кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок, не само во некои дискусии што ги имавме за реформската агенда, која мислам дека напредуваше многу позитивно, дури и во краткиот период откако е Владата, истакнува евроамбасадорот.
Во однос на уставните амандмани, тој посочува дека веќе имаме решение на маса.
-Се сеќавате уште во јули 2022 година многу внимателно ги следев преговорите што се водеа приближно помеѓу есента 2020 година и тој договор што беше постигнат на 22 јули не беше лесен процес, или за која било страна, беа направени компромиси. И како резултат на тоа, мислам дека веројатно е склучен најдобриот договор што можеше да се направи во тоа време? Дали оваа Влада би можела да постигне подобар договор? Јас лично многу се сомневам во тоа. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И не гледам апетит во Брисел за повторно разгледување на преговарачката рамка, која е основа на преговорите. Како што велам, има решение на маса. Би било добро сега да напредуваме кон тоа решение, рече Гир.