Германски суд го одби барањето за блокирање на извозот на оружје за Израел

Судот во Берлин денеска го отфрли итното барање на голем број палестински жители на Газа да се спречи германската влада да дава дозволи за извоз на германско оружје во Израел со образложение дека тоа би можело да се користи за кршење на хуманитарното право.

Палестинците беа поддржани од неколку организации, вклучувајќи го Европскиот центар за правна поддршка (ELSC), Палестинското право и Палестинскиот институт за јавна дипломатија, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека постојат причини да се верува дека такви прекршувања се случуваат во војната на Израел против Хамас.