Германски разузнавач: НАТО може да го активира членот 5 поради руска саботажа
Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од членот 5 на Алијансата, изјави синоќа шефот на германската служба за надворешно разузнавање (БНД).
Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од членот 5 на Алијансата, изјави синоќа шефот на германската служба за надворешно разузнавање (БНД).
Говорејќи на настанот на тинк-тенк DGAP во Берлин, директорот на БНД, Бруно Кал, рече дека очекува Москва дополнително да ја засили својата хибридна војна.
„Широката употреба на хибридни мерки кон кои прибегнува Русија го зголемува ризикот НАТО на крајот да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од член 5“, посочи тој.
„Истовремено, зголемувањето на рускиот воен потенцијал значи дека директен воен конфликт со НАТО станува една од можните опции за Кремљ“.
Според член 5, доколку е нападната членка на НАТО, другите членки на алијансата се должни да и помогнат да одговори.
„Ако Русија нападне еден или повеќе од своите сојузници во НАТО, нема да го стори тоа за да приграби огромни делови од земјата“, рече Кал, туку повеќе да ги тестира црвените линии поставени од Западот за да го порази западното единство и НАТО како одбранбен сојуз.
„Се уште немаме никакви индикации дека Русија има намера да влезе во војна, но ако таквите чувства надвладеат во владата во Москва, тогаш ризикот од воен конфликт ќе се зголеми во наредните години“, вели тој.