Германскиот претседател нема да му ja честита на Путин изборната победа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер одлучи да не му честита на Владимир Путин за победата на претседателските избори во Русија, изјави синоќа неговата портпаролка Серстин Гамелин за „Тагешпигел“.

„Денеска мислам на луѓето во Русија кои се борат за слобода и демократија и кои живеат во постојана опасност од режимот на Путин.

Нема да ги заборавиме овие храбри луѓе“, напиша вчера Штајнмаер на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. .

Германското Министерство за надворешни работи претходно објави своја реакција на Икс: „Псевдо изборите во #Русија не се ниту слободни ниту фер, резултатот никого не изненадува.

Владеењето на Путин е авторитарно, тој се потпира на цензура, репресија и насилство“.

На претходните претседателски избори во Русија во 2018 година, Штајнмаер му честиташе на Путин на изборната победа.