Германскиот министер за одбрана Борис Писториус пристигна во посета на Киев, соопшти денеска портпаролот на министерството во Берлин, без да даде повеќе детали, пренесува „Ројтерс“.
Германските медиуми јавуваат дека за време на ненајавената посета на Украина, Писториус ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со неговиот украински колега Рустем Умеров.
Се додава дека Писториус во Киев пристигнал со воз утрово.