Германскиот Мерцедес ја напушта Русија

 

Германската фирма Мерцедес- Бенз денеска соопшти дека ќе се повлече во целост од рускиот пазар и дека ќе го продаде уделите во подружниците на локални инвеститори. Оваа германска фирма престана со производството и извозот во Русија уште при почетокот на март, по руската инвазија врз Украина.

Компанијата соопшти дека уделите во локалните подружници ќе биде продадени на фирмата Автодом. Извршниот директор на Мерцедес Харалд Вилхем претстваувајќи ги резултатите од третото тромесечје, изјави дека не очекува трансакцијата да доведе до какви било значајни последици кога станува збор профитабилноста и финансиската позиција во наредните квартали.

Компанијата Автодом соопшти дека ќе избере технолошки партнер со кој ќе продолжи да управува со производствените погони во индустриската зона северозападно од Москва, каде што Мерцедес имаше свои производствен погон.

Во Русија претходно имотите на францускиот автомобилски гигант Рено и на јапонскиот Нисан беа продадени на руско државно претпријатие.