
Германска атлетичарка го предизвика Ерлинг Халанд на 400 метри
Германската атлетичарка Алиса Шмид, која важи за една од најубавите и најсексапилни атлетичарки на светот, даде интервју во кое го предизвика фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. На прашањето дали може да го победи Халанд на 400 метри, Шмид одговори:
„О, не знам. Можеби. Мислам дека на 400 метра ќе победам, но на 200 метри ќе биде потешко. Би сакала да се тркам против Ерлинг. Можеби треба да му испратам покана. Халанд, ако си подготвен да се натпреваруваш со мене, би сакала да проверам кој од нас е побрз“ – рече Шмид.
Во 2020 година Алиса беше кондициски тренер на Борусија Дортмунд, и успеа да го победи капитенот Матс Хумелс на 400 метри.
Во саботата вечерта Шмид учествуваше на Светското првенство во атлетика во Будимпешта, како дел од тимот на Германија во штафетата 4х400 метри.