Германската министерка Рајхе се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

- Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население, изјави Рајхе денеска на прес-конференција во Киев.

Германската министерка за економија Катерина Рајхе, мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, пренесува ДПА.

– Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население, изјави Рајхе денеска на прес-конференција во Киев.

Рајхе пристигна во Украина вчера со економска делегација во посета што ќе трае неколку дена.

– Нападите врз енергетскиот систем на Украина, вклучително и капацитетите за снабдување со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата претставуваат сериозна закана, рече германската министерка за економија. Таа вети дека Германија ќе помогне во обновата на уништената енергетска инфраструктура и „нема да го напушти украинскиот народ“.

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени во ноќешниот руски напад врз Киев.

Украинскиот ретседател Володимир Зеленски објави дека Русија употребила девет балистички ракети и десетици беспилотни летала.

Од почетокот на годината, Русија лансирала речиси 770 балистички ракети и повеќе од 50 крстосувачки ракети кон Украина.