Германија ја олеснува процедурата за добивање државјанство

Странците кои живеат во Германија полесно ќе добијат германско државјанство, според новите правила што ги подготви Министерството за внатрешни работи на земјата.

Каква ќе биде процедурата за добивање државјанство во земјата каде што живее една од најголемите македонски заедници во странство.

Една од измените предвидува барателите за државјанство да не се откажат од првото државјанство. Ова не важи за Македонците – до сега имавме право на двојно државјанство.

Претходно можевте да аплицирате за германско државјанство по 8 години престој во земјата, но сега тоа ќе биде можно по 5 години престој.

Други аспекти на реформата вклучуваат олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи и отфрлање на условот за писмен тест за државјанство за лица на возраст над 67 години. Тестот за државјанство вклучува прашања како „Кои се боите на знамето на Берлин?“, „Што им припаѓа на основните права во Германија?“ и друго.

Според предлог-законот, намалениот период од 5 години може дополнително да се намали доколку апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини.

Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владејачката трипартитна коалиција.