Германија со најголем пораст на цените во последните 70 години
Растот на цените на производителите во Германија достигна ново највисоко ниво во јули откако заводот за статистика почна да објавува податоци пред повеќе од 70 години, поттикнат пред се од континуираното силно зголемување на цените на енергијата.
Производните цени се зголемија за 37,2 отсто во јули во споредба со истиот месец минатата година, по скокот од 32,7 отсто во јуни, објави во петокот Дестатис. Економистите предвидуваа дека растот малку ќе забави.
Стапката на раст е највисока од 1949 година, кога почнаа да се објавуваат податоците, забележува заводот за статистика. И во јули мотор на растот на производните цени беше енергетскиот сектор, чии цени се удвоија поради скокот на цените на природниот гас и електричната енергија. Кога ќе се исклучат енергетските производи, производствените цени се повисоки за 14,6 отсто.
Двоцифрена стапка на раст е забележана во секторот интермедијарни производи од 19,1 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка 16,2 отсто и производи за широка потрошувачка од 10,9 отсто.
Производните цени на капиталните производи се зголемени за 8,3 отсто. А месечната споредба покажува силно забрзување на растот на цените, кои во јули се зголемени за 5,3 отсто во однос на јуни кога се зголемени за 0,6 отсто.