Германија последен полуфиналист на ЕП во кошарка
Германија е последниот полуфиналист на Евробаскетот откако Финска, Турција и Грција претходно го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри репрезентации. Актуелниот светски шампион обезбеди пласман во полуфиналето откако во Рига ја совлада Словенија од 99-91.

Словенија го започна натпреварот подобро и на полувремето имаше +6 (51-45), а до крајот на третата четвртина водеше со девет поени разлика (74-65). Сепак, Германија го намали водството на 70-74 до крајот на третата четвртина, а на почетокот од последниот период направи серија од 7-0 за да поведе со 77-74.
Шест минути пред крајот на натпреварот, Германија имаше водство од 84-79, но Словенија не се предаде и го врати водството (86-85), но уследи германска серија од 11-2, по што Словенија не можеше да се врати во натпреварот.
Германија до победата ја предводеа Франц Вагнер со 23 поени и седум скокови и Денис Шрeдер со 20 поени и седум асистенции. На словенечката страна, Лука Дончиќ се истакна со 39 поени, 10 скокови и седум асистенции.
Во полуфиналето, Германија ќе игра против Финска, додека Турција ќе игра против Грција.
Полуфиналните пресметки се на програмата в петок, a финалето и натпреварот за бронзениот медал ќе се играат в недела.