Германија најнаселена земја во ЕУ, таму живеат над 83 милиони луѓе

Во Европската унија (ЕУ) минатата година живееле 446,7 милиони луѓе.

Најнаселена земја-членка е Германија (83,2 милиони, 19% од вкупниот број во ЕУ), втора е Франција (67,9 милиони, 15%), а во првите пет се и Италија (59,0 милиони, 13%), Шпанија (47,4 милиони, 11%) и Полска (37,7 милиони, 8%), соопшти Евростат.

Овие пет земји-членки сочинуваат вкупно две третини од населението на ЕУ.

Најмалку населени земји-членки на ЕУ, пак, се Малта (521.000 луѓе, што е 0,1% од вкупниот број на ЕУ), Луксембург (645.000, исто така 0.1%) и Кипар (905.000, 0.2%).

Меѓутоа, меѓу 1 јануари 2020 година и 1 јануари 2022 година, населението на ЕУ се намалило за 585 000 луѓе.