Германија заплени суперјахта вредна 600 милиони долари
Сестрата на руски олигарх Алишер Усманов остана без својата суперјахта откако Германија ја заплени по „обемна истрага“.
Германската федерална полиција денеска излезе со соопштение дека ја запленила „Дилбар“ вредна 600 милиони долари откако го откриле вистинскиот сопственик на јахтата.
На „црната листа“ на ЕУ се наоѓа Гулбахар, сестрата на Алишер Усманов. Се оценува дека тој „индиректно и префрлил средства“, вклучително и јахтата.
Јахтата е долга 157 метри.