„Германија да го пушти Северен тек 2, а Русија да прифати евра за гас“
„Германија би требала да дозволи работа на „Северен тек 2“, а Русија би требала повторно да прифати плаќање за гасот во евра“.
Ова е ставот на Тино Крупала – членот на Комитетот за меѓународна политика во германскиот Бундестаг и лидер на партијата „Алтернатива за Германија“.
„Нашата партија смета дека Германија во секој случај би требала да се залага за пуштање во функција на „Северен тек 2“. Затоа ја следам темата за валутата на плаќање како независна во проектот. Ако аргументот за тргување во евра помогне да се убеди германската влада да се пушти гасоводот во експлоатација, тогаш тоа би можело да биде добра идеја“ – вели Крупала.
Тој додаде оти е очигледно дека германскиот увозник на гас, компанијата „Унипер“ ќе мора да ја плати наредната сметка за руски гас во рубљи.
По руското признавање на суверенитетот на Доњецката и на Луганската Народна Република, Германија ја запре сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“.