Томислав – Дончев – заменикот-претседател на бугарската партија ГЕРБ соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според него, ќе е поради неуспехот на финансиската политика.
„Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“ – рече Дончев.
Бугарскиот Устав за гласање недоверба предвидува дека се потребни потписи од најмалку една петтина од пратениците – 48.
ГЕРБ има 59 пратенички места, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници. Тоа значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди дополнителни 62 гласа.
За тоа ќе им бидат потребни гласовите на сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција.