Русите, започнувајќи ја оваа војна, зборуваа за заземање на Кијив за два-три дена. Сега тие се навикнаа на напади со беспилотни летала во Москва и длабоко во Русија.
Руската воздушна одбрана пропаѓа. Русија е во дефанзива.
Вооружувањето на НАТО ја покажува својата очигледна супериорност, а украинските вооружени сили покажуваат системски раст на своите способности, напиша на платформата Х советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.
„Ако некој речеше на почетокот на војната дека Украина на крајот ќе го нападне седиштето на Црноморската флота во Севастопол, што би му рекле?, прашува Герашченко.
If someone said at the beginning of a full-scale war that Ukraine would eventually be strikin the headquarters of the Black Sea Fleet in Sevastopol, what would you say to them?
The Russians, starting this war, talked about capturing Kyiv in 2-3 days.
Now they have gotten used… pic.twitter.com/vtwUaOiGOi— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 23, 2023
Тој наведува дека полека, но неизбежно Русија ја губи војната не само во стратешка, туку и во директна воена смисла.
Според него, „задачата на Украина и нејзините партнери е да обезбедат раст на капацитетите на Украина и да го остварат поразот на руската армија – колку е можно побрзо“.