Руското Министерството за одбрана соопшти дека рускиот воен началник Валериј Герасимов ги посети областите под контрола на Москва во Запорожје во југоисточна Украина и се брифираше за ситуација во регионот.
Во официјалното соопштение се вели дека Герасимов „го проверил командното место на групата војници во Запорожје и ги слушнал извештаите од командантот на групата, генерал-полковник Александар Романчук.
Во соопштението се додава дека Герасимов „посветил внимание на навремената идентификација на непријателот, нанесувајќи превентивни удари“.
67-годишниот Герасимов стана началник на рускиот Генералштаб во 2012 година.
Тој беше пофален за зајакнувањето на капацитетите на вооружените сили и го надгледуваше распоредувањето на повеќе мобилни сили.
Некои руски воени блогери го сметаа Герасимов за одговорен за грешките во Украина, но претседателот Владимир Путин во јануари го постави на чело на сите сили таму.
Герасимов со месеци жестоко беше критикуван и од Пригожин, водачот на групата Вагнер.
Откако Вагнер организираше краток бунт против воениот естаблишмент на 24 јуни, се појавија прашања дали Герасимов ќе ја задржи својата работа.
Поминаа повеќе од две недели пред да биде виден во јавноста за прв пат на 10 јули.