Герасимовски повика на голема акција за чистење на депонијата кај Кале, понеделник во 13 часот
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале, која ќе се спроведе утре (понеделник) со почеток во 13 часот.

„По расчистувањето на депониите во Крњево и Градскиот парк, продолжуваме со чистење на просторот кај полигонот на Кале. Несовесни поединци таму секојдневно фрлаат ѓубре и кабаст отпад, создавајќи дива депонија која претставува ризик за околината и за здравјето на граѓаните. Не смееме да дозволиме јавните површини да се претвораат во сметишта. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да го исчистиме Кале,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Во акцијата ќе учествува целосната механизација на ПОЦ и екипите на Општина Центар.
Службите на Општина Центар вложуваат максимални напори да ја одржат чистотата во централното подрачје во услови кога саботирањето на хигиената во градот стана оружје за добивање политички поени на сметка на граѓаните.