Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

➡ Недостигот на наставен кадар е системски проблем на ниво на државата, затоа одлучивме да ве ангажираме вас, нашите искусни наставници, кои иако во пензија, можат да помогнат во едуцирањето и споделувањето на своето знаење. Вашиот ангажман ќе значи многу и за училиштата, но и за семејствата. Учениците ќе добијат квалитетна едукација, наместо родителите да плаќаат приватни часови, истакна Герасимовски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење и дополнителни часови, зацртана во идната програма.

Во разговор со група пензионирани наставници, тој посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари.

„Недостигот на наставен кадар е системски проблем на ниво на државата, затоа одлучивме да ве ангажираме вас, нашите искусни наставници, кои иако во пензија, можат да помогнат во едуцирањето и споделувањето на своето знаење. Вашиот ангажман ќе значи многу и за училиштата, но и за семејствата. Учениците ќе добијат квалитетна едукација, наместо родителите да плаќаат приватни часови,“ истакна Герасимовски.

Пензионираните наставници ја поздравија мерката и изразија подготвеност да се вклучат во проектот, од кој, велат, ќе имаат корист учениците, родителите и активниот наставен кадар, кој ќе биде растоварен.

Со оваа инцијатива, воедно, ќе им се овозможи на наставниците во пензија да останат активни во образовниот процес и да го пренесат своето знаење на помладите генерации.