
Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот
-Недозволиво е градот, односно комуналното претпријатие, да не ги завршува своите работи на време. Доаѓаат топли денови, летен период, се шират зарази и јас, како градоначалник, и мојот тим отпочнуваме со порaдикални мерки. Подготвуваме кривични пријави до комуналното претпријатие по неколку члена за заштита на животната средина и дополнително бараме законски измени во тој домен“. Ова го потенцираше градоначалникот Горан Герасимовски во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ.
Сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и за туристите кои го посетуваат центарот на градот. Истото ги засега и другите општини. Ова е навистина крајно сериозно – недозволиво е ова во 21 век. Со години наназад правиме притисок, апелираме до Јавното комунално претпријатие редовно да го чисти сметот. Граѓаните се колатерална штета, а плаќаат за таа услуга. Преку сметката за водовод плаќаме и за управување со сметот.
-Недозволиво е градот, односно комуналното претпријатие, да не ги завршува своите работи на време. Доаѓаат топли денови, летен период, се шират зарази и јас, како градоначалник, и мојот тим отпочнуваме со порaдикални мерки. Подготвуваме кривични пријави до комуналното претпријатие по неколку члена за заштита на животната средина и дополнително бараме законски измени во тој домен“. Ова го потенцираше градоначалникот Горан Герасимовски во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ.
Герасимовски истакна дека Општината има 110 хигиеничари кои се постојано на терен, но доколку Градот Скопје не си ја завршува својата работа и остава преполни контејнери каде што кучиња скитници го разнесуваат ѓубрето по улиците се прави огромна штета.
„Ние собираме колку што можеме околу контејнерите затоа што една општина нема такви возила за да може да го отстрани сметот од контејнерите, но собираме колку што можеме. Трошиме средства, време и ресурси, а дополнително сето тоа што ќе биде собрано, плаќаме за да го депонираме во Дрисла. Сето тоа ни прави огромен проблем и редно време е да се најде решение. Ќе повторам: сè ова што ни се случува е терор врз граѓаните, не само врз Општина Центар, туку и врз сите граѓани на територијата на градот Скопје. Дополнително, подготвуваме законски измени да ги преземеме ингеренциите. Ние еднаш веќе ги побаравме, но тоа се закочи, па подготвуваме предлог-законски измени да се трансформира јавното комунално претпријатие и секоја општина да преземе, ако треба, и дел од вработените, но и механизацијата. Сигурен сум дека ќе имаме подобри резултати и нема да дозволиме граѓаните да живеат во вакви услови“, истакна Герасимовски.
Во емисијата, Герасимовски рече дека јавното комунално претпријатие нема капацитет, има стара механизација, а тоа е само еден од проблемите.
„Нема ниту стратегија како да се селектира и рециклира сметот како што тоа е во европските држави. Мора да се има таков план, таква стратегија – како ќе се врши селекцијата, во кои денови ќе се отстранува сметот од домаќинствата. Ние правиме акции за собирање кабаст отпад и апелирам до граѓаните да ги почитуваат тие акции и да се однесуваат согласно со нив, а не да фрлаат покрај контејнерите кога ќе им текне. Исто така, дадовме насоки за локалите и почнавме со ригорозни мерки да направат договор со лиценцирани компании за селектирање и отстранување на отпадот од локалите, каде што се прави дополнителен хаос со тоа што сметот се фрла во контејнерите кои се во близина на тие угостителски објекти“, посочи Герасимовски.
Герасимовски: 90% од ветеното е реализирано, покажавме како се работи чесно во интерес на граѓаните, а не на партиите
Градоначалникот Горан Герасимовски во гостувањето во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ потенцираше 90% од тоа што е ветено е реализирано во изминатите години или е во тек на реализација и тоа дава можност да се побара втор мандат од страна на граѓаните, верувајќи дека ќе има успешни избори за неколку месеци.
„Јас и мојот тим соработници, изминативе 3 и пол години, покажавме како се работи чесно, транспарентно, одговорно, но и целосно во интерес на граѓаните, тргајќи ги партиите на страна. Ние сме едно од малкуте општини кои што покажавме различно владеење од досегашното функционирање на сите совети и начини на владеење на општините. Кога реконструираме улица, не знаеме дали на неа живеат наши гласачи или гласачи кои гласале за опонентот, туку треба да работиме за сите граѓани заедно. Дополнително, 90% од тоа што го ветивме е реализирано во изминатите години или е во тек на реализација, а тоа дава можност да побараме втор мандат од страна на граѓаните и јас сум сигурен дека ќе имаме успешни избори за неколку месеци“, рече Герасимовски.