Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски за проблемот со сметот во главниот град повикува ситуацијата да не се политизира туку да се најде решение во полза на граѓаните.
„Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да ги исчисти Скопје, нас фокус ни се граѓаните. Кога настана проблемот со сметот граѓаните прво прстот го вперија во градоначалниците затоа што кога излегуваат од дома сакаат чиста средина. Но овој проблем е заеднички и не треба да се политизира. Станува збор за граѓаните и нивното здравје и треба што поскоро да се најде решение, а тоа е што подобро да се изменаџира ситуацијата во градот и комуналното претпријатие. Нашиот предлог е додека тие преговори траат депонијата Дрисла да ги крене рампите за да ние можеме да функционираме како општини“, изјави градоначалникот Герасимовски по седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион.