Герапетритис: Решението е создавање палестинска држава во границите пред 1967 година
Ставот дека прашањето не е дали Грција ќе ја признае палестинската држава, туку кога ќе биде тоа, го повтори министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по првиот ден на Генералното собрание на ОН во Њујорк и посочи дека признавањето треба да биде на крајот на политичкиот процес и под покровителство ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ рече дека учествувал на Конференцијата за решението за две држави, која ја свикаа Франција и Саудиска Арабија во врска со палестинското прашање.
– Грција има јасно изразен став по ова прашање. Нејзината постојана позиција е дека е предводник и земја што ги забрзува хуманитарните напори. Веќе има обезбедено значителна хуманитарна помош, лекуваше деца од Газа и ја зајакнува Палестинската самоуправа. Во однос на признавањето на Палестина, Грција смета дека решението е создавање палестинска држава во границите пред 1967 година. Прашањето е во тајмингот. Сметаме дека признавањето на палестинската држава треба да дојде на крајот од политичкиот процес и под покровителство на Обединетите нации, рече Герапетритис.