
Герапетритис: Било кој план за прекин на огнот мора да биде прифатен од Украина
Го поздравуваме новиот предлог за прекин на огнот во Украина. Европската Унија и Грција отсекогаш го поддржуваа секој напор за прекин на непријателствата за да се отвори прозорец за мир. Се подразбира дека секој план мора да биде прифатен од Украина, посочи шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Го поздравуваме новиот предлог за прекин на огнот во Украина. Европската Унија и Грција отсекогаш го поддржуваа секој напор за прекин на непријателствата за да се отвори прозорец за мир. Се подразбира дека секој план мора да биде прифатен од Украина, посочи шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција нагласи дека е исклучително важно „да се поддржи територијалниот интегритет и да се застане против секаков вид ревизионизам“.
-Грција, минатата седмица, уште еднаш застана на страната на Украина, обезбедувајќи ја нејзината енергетска сигурност за следниот период, преку големите договори потпишани за време на посетата на претседателот Зеленски на Атина, рече Герапетритис.
Со оглед на тоа што на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе се разгледаа и ситуацијата во Газа, шефот на грчката дипломатија посочи дека „Грција даде клучен придонес и во подготовката и во процесот на донесување на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН“, дека станува збор за „важна можност што не смее да остане неискористена“ и посочи дека потребно е веднаш да се преземат активности за обезбедување долгорочен мир во регионот.