
Георг Георгиев: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови за Македонија
-Членството во ЕК не е дадено, тоа се базира на специфични критериуми и услови, кои секоја земја-кандидат за членство мора да ги исполни, нагласил Георгиев пред новинарите, коментирајќи го пред новинарите одложувањето на гласањето за напредокот на Република Северна Македонија во ЕК, што беше предлог на Томас Вајц.
Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на РСМ во ЕУ, забележал денес министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев, според БГНЕС.
-Членството во ЕК не е дадено, тоа се базира на специфични критериуми и услови, кои секоја земја-кандидат за членство мора да ги исполни, нагласил Георгиев пред новинарите, коментирајќи го пред новинарите одложувањето на гласањето за напредокот на Република Северна Македонија во ЕК, што беше предлог на Томас Вајц.
Минатата недела, Народното собрание донесе одлука според која Бугарија останува целосно ангажирана околу европскиот консензус од јули 2022 година. Во одлуката, бугарските власти, исто така, ја повикуваат Македонија строго да ги почитува првичните договори.
Според зборовите на министерот Георгиев, Бугарија ја сфаќа важноста на проширувањето на ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, „но ние, исто така, го потврдуваме принципот на сопствени заслуги. Дадовме јасен сигнал дека Бугарија е конструктивна, знае што е добро за регионот и ќе ги следи таквите политики. Важна компонента на одлуката што ја донесе Народното собрание е дека немаме и не можеме да имаме дополнителни услови и барања за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Ова е јасен и доволен сигнал за нашата доследност, потврда на пораките што отсекогаш сме ги емитувале, и со ова одговараме од највисоката државна позиција во Бугарија на таканаречените загрижености на нашите партнери и пријатели преку западната граница, кои постојано ја изразуваа својата загриженост дека ако го променат својот Устав, Бугарија може да постави дополнителни услови. Ова не било, не е и нема да биде случај, коментирал Георг Георгиев.
Инаку официјална Софија го поздрави одложувањето на извештајот за Македонија. Пратеникот од пратеничката група на БСП-ОЛ, Габриел Валков, на заедничка прес-конференција со министерот Георг Георгиев, пратеникот од ПГ на ГЕРБ-СДС Тома Биков и Станислав Балабанов од „Има таков народ“ нагласи дека европратениците од БСП, заедно со Партијата на европските социјалисти, се бореле одложувањето на извештајот.
„Им честитам на сите бугарски европратеници од сите партии за заедничкото преземање на оваа иницијатива и заедничкото вложување на овие напори. Исто како што Националното собрание едногласно усвои декларација во петокот, европратениците едногласно се заложија за национален став што ги брани бугарските национални интереси, за што им се заблагодарувам“, рече Валков.
-Жалиме што наидуваме на злонамерност од страна на владата на Република Северна Македонија , коментираше Тома Биков. Очекуваме и посакуваме РСМ да започне преговори со ЕУ, но откако ќе видиме дека антибугарските сили, кои се и антиевропски, се ставени во позиција да не ја водат државата. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Вклучувањето на Бугарите во Уставот е важно не затоа што ќе ги реши сите проблеми, туку затоа што ќе го означи почетокот на процес во кој Бугарија и РСМ ќе бидат добри соседи со добри односи и луѓето од двете страни на границата ќе можат да живеат во хармонија и заедно, додаде тој.
Известувачот за напредокот на Република Северна Македонија (РСМ) кон ЕУ, Томас Вајц, ќе полага поправен испит благодарение на бугарскиот парламент, коментираше пратеникот Станислав Балабанов.
-Тој треба сам да ги извлече заклучоците, заедно со луѓето кои мислеа дека можат да имаат влијание. Ќе видиме каков ќе биде резултатот многу наскоро, рече Балабанов. Одлуката што ја изгласа бугарскиот парламент е основа да се каже многу јасно дека ќе го браниме бугарскиот национален интерес до крај во врска со прашањето на Република Северна Македонија и нема да отстапиме ниту еден сантиметар, рече Балабанов. Се надевам дека еден ден, кога Република Северна Македонија ќе ги исполни апсолутно сите критериуми што ги постави Бугарија, тогаш ќе можат да разговараат за нешто друго, додаде тој и им се заблагодари на сите бугарски европратеници.