Георгиевски: Субвенцијата за оризот се зголеми од шест на 24 илјади денари по хектар

„Субвенцијата за оризот не беше мрдната од шест илјади денари по хектар за оризопроизводителите. Кога и да се побунеа тие, праќавте емисари за да вршите притисок и да ги угушувате изливите на незадоволство“ изјави Гоце Георгиевски од СДСМ во дебатата со Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека за една година на оризопроизводителите субвенцијата им се покачи за 300 отсто и сега изнесува 24 илјади денари.

„Згора на тоа имаме редовна комуникација со сите оризопроизводители и програмирање на мерки. Откупната цена на оризот моментално е 36 денари, иако оризарите бараа 30 денари“ рече Георгиевски.