(Видео) Георгиевски открива: Дали Мицкоски „војната“ со Груевски намерно ја започна преку германски медиум?

Интервјуто на Христијан Мицкоски за германскиот медиум германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” ја разбранува јавноста, а на оваа тема, како и останатите жешки политички прашања разговаравме со Борис Георгиевски, главниот уредник на македонската редакција на Дојче Веле.

Политичка пародија, Македонија и сѐ можно. Груевски и Мицкоски во клинч: Кој е за државата, а кој е против партијата? Ова е главната тема на нашата вечерашна емисија, а првото прашање кое беше поставено на нашиот соговорник Георгиевски беше дали намерно Мицкоски одбрал за германскиот весник да се обрати за Груевски.

Македонските политичари претпочитаат да бидат поотворени, подиректни и поинтригантни за странски медиуми со години наназад. Идејата била баш за тој угледен германски весник да се даде поексплозивна изјава и на некој начин да се расчисти со еден дел на минатото на партијата, но и на Мицкоски. „Франкфуртер алгемајне цајтунг” со неговиот углед и влијание кое го има во Германија, но и на европскиот пазар е голем и му даде можност на Мицкоски да ги претстави своите ставови, започнува Георгиевски.

Потоа со Георгиевски разговаравме за тековната ситуација меѓу различните раководства во ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски вели дека во 2017 година тогашното раководство се наоѓале во „шизофрена ситуација“ и го објаснува тоа велејќи дека се жалеле на политички прогон кој бил неоснован.

Измените на Кривичниот законик му ја отворија можноста на Мицкоски конечно да се пресмета со Груевски како што тој тоа го прави во моментов, вели Георгиевски, главниот уредник на македонската редакција на Дојче Веле за „Трилинг“.

Тој вели дека е факт дека се прават промени да се истуркаат уставни измени, а во тоа можно е да се вклучени и Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Не би се изненадил власта во немоќ да ги протурка уставните измени да се сврти и кон Груевски во обид да ги истурка фамозните 8 пратеници. Јас не би исклучил ништо, иако сите демантираат факт е дека нешто зад сцената се случува, вели Георгиевски.

Георгиевски саркастично додава дека во нашата политика традиција стана поранешните лидери на ВМРО-ДПМНЕ да коалицираат со СДСМ.