Георгиевски: За мене Ванчо Михајлов бил синоним за самостојна и независна Македонија!

Екс-премиерот Љубчо Георгиевски вечерва на тв 21 рече дека додека тој растел, Ванчо Михајлов за него бил синоним за самостојна и независна Македонија.

„Ние кога прифативме да го крстиме во Кичево – 10. Конгрес, значи ние прифативме свесно три конгреса на ВМРО на Ванчо Михајлов 24-та/25-та, 28-ма и 32-ра година. И сега јас не знам што не им е јасно на ВМРО-ДПМНЕ денешно, таа одлука не ни падна од небо. 1903-та година Ванчо Михајлов свикува еден голем собир каде ги собира сите претставници на ВМРО, сите претседатели на македонските братства и организации“ – вели Георгиевски.

Тој е зачуден на бугарската политика во моментов, поврзана со Михајлов.

„Бугарија има покренато кривични пријави против Ванчо Михајлов, и ако истиот е контроверзен за некои, јас дури се чудам на бугарската политика како сега сака да го `оживее` Ванчо Михајлов. Таа се фаќа за моментот на неговото национално самоизјаснување како Бугарин. Меѓутоа целата димензија за нив има нешто пострашно, а тоа е концептот не само на самостојна, туку и на обединета Македонија што го тангира директно нивниот Пирински дел за кои сега зборуваат дека некој од Македонија гаи некаква надеж“ – вели Георгиевски.