Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го продаде Груевски за еден ден, кон мене имаше поголема емоција

-Тоа е морално прашање за тие што денеска управуваат со ВМРО. Чекајте, луѓе, Никола Груевски единаесет години ве држеше на власт. Бевте министри, бевте директори, бевте началници, бевте се и сèшто. Тој ви ја даваше власта, така? – вели Георгиевски.

ВМРО-ДПМНЕ за еден ден го продадоа Никола Груевски, затоа се плашат од негово враќање, вели поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски.

-Очигледно кај нив суетите и стравот од неговото враќање, се поголеми. Реално сметам дека Груевски не управува со нив. Повеќе се работи за реален проблем. Меѓутоа јас сметам дека тоа е срам за ВМРО ДПМНЕ. Тие луѓе единаесет години се колнеа во неговото име. Она што ме изненадува е дека во ВМРО ДПМНЕ кон мене имаше многу голема емоција, подолотрајна емоција, отколку кон Никола Груевски. Никола Груевски буквално за еден ден го продадоа – рече Георгиевски за Рацин.

Тој вели иако можеби звучи малку еретички, тој така гледа на тоа.