
Георгиева Свртинов: Потребна е економско-финансиска претпазливост
➡„Светската економија години наназад се соочува со кризи, но последниве години тие како да се се позачестени и потекнуваат од различни извори. Ако почнеме од глобалната финансиска криза 2008-та година, па должничката криза во еврозоната, па пандемијата, војната во Украина, енергетската криза, да не ги заборавиме и оние тензии помеѓу големите политички сили, па се до денешната ситуација - војната во Блискиот Исток, на некој начин ние добиваме претстава дека светската економија е се во понеизвесна средина и дека е погодена од шокови од различна природа, од геополитички, финансиски, енергетски, па до здравствени. -Затоа мора да размислуваме на малку поинаков начин, едноставно да сфатиме дека овие кризи можеби веќе не се исклучок, туку претставуваат и правило, и од тука натака да преземаме соодветни мерки и да бидеме поподготвени и поотпорни за некои кризи коишто можеби ќе ни се случат во иднина“, изјави во „Трилинг“ универзитетската професорка Весна Георгиева-Свртинов, говорејќи за перманентните кризи на глобално ниво и дали може како држава да ги насетиме и интервенираме порано.
„Светската економија години наназад се соочува со кризи, но последниве години тие како да се се позачестени и потекнуваат од различни извори. Ако почнеме од глобалната финансиска криза 2008-та година, па должничката криза во еврозоната, па пандемијата, војната во Украина, енергетската криза, да не ги заборавиме и оние тензии помеѓу големите политички сили, па се до денешната ситуација – војната во Блискиот Исток, на некој начин ние добиваме претстава дека светската економија е се во понеизвесна средина и дека е погодена од шокови од различна природа, од геополитички, финансиски, енергетски, па до здравствени.
-Затоа мора да размислуваме на малку поинаков начин, едноставно да сфатиме дека овие кризи можеби веќе не се исклучок, туку претставуваат и правило, и од тука натака да преземаме соодветни мерки и да бидеме поподготвени и поотпорни за некои кризи коишто можеби ќе ни се случат во иднина“, изјави во „Трилинг“ универзитетската професорка Весна Георгиева-Свртинов, говорејќи за перманентните кризи на глобално ниво и дали може како држава да ги насетиме и интервенираме порано.
Говорејќи за тоа доколку кризата трае на подолг рок и какви би можеле да бидат економско-финансиските импликации, Георгиева-Свртинов смета дека војната во Блискиот Исток нема само безбедносен и политички ефект, туку има и економски ефект којшто веднаш се почувствува.
„Ова е особено значајно, бидејќи ова е регион којшто е клучен во снабдувањето на светската економија со нафта и гас. Неминовно е ако има конфликт во ваков регион и војна во случајов, дека ќе дојде до дестабилизација на пазарите. Прво заради неизвесност и страв дека ќе дојде до намалување на понудата. Ако се намалува понудата тогаш веднаш знаеме дека се зголемува цената, така што со порастот на цената на енергенсите тоа ќе се пренесе и врз останатите цени, како што беше ситуацијата со војната во Украина пред неколку години. Така е заради тоа што нафтата е главен ресурс во речиси сите економски активности“, вели Георгиева-Свртинов.
Осврнувајќи се на зачестеното прашање, како овие глобални движења и овој конфликт би се одразил врз Македонија, Георгиева-Свртинов смета дека нашата земја не може да претрпи директни импликации, бидејќи немаме директни трговски врски со Иран.
„Индиректно може да се одрази преку глобалните пазари, односно преку цената на нафтата кое се почувствува деновиве. За сега немаме пораст на останатите цени. Инфлацијата ја држиме под контрола. Но ние не смееме да заборавиме дека само пред неколку години имавме и двоцифрени стапки на инфлација. И оттука е стравот да не се соочиме пак со сценариото на увоз на инфлација, токму заради таа енергетска зависност. Сега за сега јас не очекувам промена на монетарната политика“, смета Георгиева-Свртинов.
Целото интервју погледнете го во видеото