Генчовска реферира пред бугарските пратеници за С. Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија во оставка – Теодора Генчовска реферира пред Народното собрание на Бугаријза процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори.

Ова сослушување предизвика спор меѓу „Промената продолжува“, ГЕРБ и „Има таков народ“.

Од ИТД предложија затворена седница за да може Генчовска да им соопшти на пратениците тајни белешки за разговори меѓу претставници на бугарската Влада и дипломати.

Координаторот на пратеничката група на „Промената продолжува“ – Андреј Ѓуров изјави дека предлагаат седницата да биде отворена за да можат сите бугарски граѓани да ја дознаат вистината за С. Македонија.

ГЕРБ – СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата, Десислава Атанасова.