Бугарската министерка за надворешни работи во оставка – Теодора Генчовска вечерва во изјава за агенцијата БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот Парламент.
На прашањето дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, што ќе се разликува од веќе одобреното во бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не!
„Се зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија“ – рече таа.
На 24 јуни Народното собрание изгласа проект за решение кој што има за цел да го регулира спорот меѓу Софија и Скопје и да го отвори патот за европска интеграција на Македонија. Вчера бугарската Влада го одобри тоа решение на Парламентот.