Генчовска: Бугарија ќе помага при протокот на бегалци од Украина
Теодора Генчовска – бугарската министерка за надворешни работи е во Молдавија. Со молдавскиот колега се договориле за заеднички пунктови на молдависко-романската граница за да се олесни протокот на бегалци кон Романија и кон Бугарија.
„Софија може да му помогне на Кишињев“ – додаде шефицата на бугарската дипломатија.
Таа кажа дека тоа се случило во време кога Молдавија има најголема потреба поради товарот на војната во Украина.
Генчовска вели дека Софија е свесна дека бранот бегалци ќе се зголемува, а молдавскиот министер Попеску рече дека во Молдавија има 100.000 бегалци, од кои 40.000 се деца.