Генерал Рустам Минекаев: Целта е контрола врз јужна Украина и Донбас!

„Русија има за цел целосна контрола врз јужна Украина и регионот Донбас со цел да воспостави копнена врска со Крим“. Ова денеска го изјави висок функционер на руската армија – генерал Рустам Минекаев.

„Од почетокот на втората фаза на специјалната операција, една од целите на руската армија беше воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина“ – изјави генералот.

Како што наведе, тоа ќе обезбеди копнен коридор до Крим и ќе и нанесе штета на виталната инфраструктура на украинската економија.

Според Минекаев, втората фаза од, како што ја нарекува – „специјалната операција“, започнала пред два дена.