Генерално чистење на Железничка станица, отстранет е првиот билборд

Отстранет е првиот билборд од Железничката станица Скопје, објави директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, најавувајќи дека овој процес ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата.

„Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.

Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација“, напиша Ивановски.