Генералниот инспектор на црногорската АНБ поднесе оставка

Генералниот инспектор на црногорската Агенција за национална безбедност Артан Курти поднесе неотповиклива оставка од функцијата на која неодамна беше вратен со судска одлука.

Генералниот инспектор на црногорската Агенција за национална безбедност Артан Курти поднесе неотповиклива оставка од функцијата на која неодамна беше вратен со судска одлука.

Тој наведе дека оставката ја поднел бидејќи повеќе не се препознава како дел од безбедносниот систем, кој според него, во значителна мера е загрозен и урнисан,

Курти оставката ја поднесе до премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, во која посочува дека причината за оставката е исклучиво од морална, граѓанска и правна сатисфакција по спроведувањето на третата мериторна пресуда на Управниот суд за основаност на тужбата за незаконската одлука за негово разрешување.

Агенцијата за национална безбедност преку своите постапки и назначувања на одредени лица на високо одговорни и важни позиции не ја исполнува законски дефинираната улога во заштитата на националните интереси, поради што не се сметам себеси за дел од таков безбедносен систем, кој е очигледно значително загрозен и нарушен, наведе Курти.

Тој додаде дека не сака никаква соработка со Владата предводена од Спајиќ.