
Актерката Гвинет Палтроу вчера се појави пред судот во САД поради наводна тешка повреда на маж во несреќа на скијање во Јута во 2016 година.
Американската актерка беше тужена од пензионерот Тери Сандерсон, кој тврди дека Палтроу скијала „целосно надвор од контрола“ и го удрила на скијачка патека во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, Јута.
Сандерсон тврди дека Палтроу се судрила со него „и го соборила“, што резултирало со повреда на мозокот, четири скршени ребра и други сериозни повреди.
Сандерсон сега бара отштета од 300.000 долари, откако претходното барање за 3,1 милион долари беше отфрлено.
„Овој случај се однесува на несреќа на скијање во скијачкиот центар Deer Valley каде обвинетата, Гвинет Палтроу, излезе од контрола, удирајќи го Тери Сандерсон одзади додека се спушташе по патеката. Во тој процес, таа го собори, што резултираше со повреда на мозокот. четири скршени ребра и други тешки повреди. По судирот, Палтроу стана, се сврте и се оддалечи со скијање, оставајќи го Сандерсон запрепастен и тешко повреден да лежи во снегот“, се вели во првичната тужба поднесена во 2019 година.
Сандерсон претходно објасни дека поднел тужба само по три години бидејќи имал проблеми со адвокатите и затоа што не можел нормално да функционира поради потрес на мозокот.
Подоцна Палтроу поднесе контра тужба, тврдејќи дека Сандерсон ја удрил во ски-центарот.
Актерката рекла и дека била толку потресена од ударот на скијачката патека што тој ден повеќе не скијала со семејството. Таа додаде дека Сандерсон и се извинил и рекол дека е добро.