Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека навивачите на „Граѓаните“ мора да се гордеат со играчите на актуелниот шампион во Премиерлигата, пренесува Sky Sports.
Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа со 1:0 го победија тимот на Бурнмаут во 26. коло од Премиер лигата.
Гвардиола ги пофали фудбалерите на Манчестер Сити кои пред пет дена го совладаа Брентфорд (1:0) во последниот натпревар од 18. коло на англискиот шампионат.
– Ги обожавам моите играчи – тие се „суперлуѓе“. Тие се одлични. Веќе долги години играме натпревари на секои три дена, додека нашите ривали имаат една недела да се подготват за натпреварите. Секогаш имаме помалку време да се подготвиме за натпреварите – изјави Гвардиола.
Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиерлигата со 59 бодови, додека Ливерпул е прв со 60.
– Бараме премногу од нашите играчи, но тие одговараат на сите наши барања. Знам дека луѓето велат „заработуваат многу пари“, но оваа работа со распоредот е премногу. Мора да продолжиме понатаму. Нашите фудбалери имаат неверојатен карактер, конкурентни се. Дури и кога се уморни – вложуваат дополнителен напор. Нашите навивачи мора да се гордеат со овие играчи – изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер Сити во следното коло од Премиерлигата ќе играат против градскиот ривал Манчестер Јунајтед.