Гаши ја минира Анкетната за Кочани по задача на Мицкоски, обвинува СДСМ

Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените, велат од СДСМ, откако денеска собранискиот спикер ја врати иницијативата до предлагачите на доработка.

„Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е целосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на членови и делокугрот за работа, на самата седница на којашто ќе се одлучува по одлуката за формирање на Анкетната комисија да се утврдат членовите и составот на анкетната комисија.

Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата.

СДСМ ќе ги искористи сите законски и деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани.

Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани“, велат од СДСМ.

Гаши: Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување